Македонија СДСМ: Стравот кај Груевски го покажуваат нарачаните лажни анкети  

СДСМ: Стравот кај Груевски го покажуваат нарачаните лажни анкети  

Колкав е стравот кај Никола Груевски и кај ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат нарачаните лажни анкети на нивниот партиски институт „Павел Шатев“, кој глуми дека спроведува некакво јавно истражување, реагираат од СДСМ на денешните анкета на Институтот „Павел Шатев“.

„Преку изборни грабежи, закани, уцени, злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта. Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за изборниот грабеж. Не само што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе парите на граѓаните, го краделе и нивниот глас. Груевски се плаши од реалноста и од соочување со одговорноста. Ниту една измислена анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и за корупцијата во изминатите 10 години“, пишува во соопштението на СДСМ.