Економија СДСМ: Со 20 милиони евра народни пари, Груевски лаже дека Македонија е...

СДСМ: Со 20 милиони евра народни пари, Груевски лаже дека Македонија е рај за водење бизнис

Опозицискиот СДСМ во соопштение вели дека Груевски „истурил“ 20 милиони евра народни пари за да ги лаже граѓаните преку неговите медиуми, каде што тој е главниот и одговорен уредник, дека, меѓу другото, Македонија е рај за водење бизнис.

– ВМРО-ДПМНЕ и Груевски даваат милиони евра народни пари како државна помош на компании што ќе дојдат во Македонија, ќе ги земат парите и ќе си заминат. А за тие пари да отидат на сметките на виртуелните странски инвестиции, Ставрески и Груевски ги задолжуваат граѓаните. Невидена сиромаштија, презадолжена земја, затворени 10.000 домашни фирми, луѓе без работа, иселени млади луѓе, тоа се економските резултати на политиките што ги спроведува Груевски – се вели во соопштението на СДСМ.