Македонија СДСМ: Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во...

СДСМ: Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии

Стабилна Влада се обезбедува на слободни фер и регуларни избори, на коишто граѓаните без закани и уцени ќе ја изразат својата волја, реагира СДСМ на предлогот на премиерот Никола Груевски, партијата која ќе победи на изборите да доние дополнителни 17 пратенички места.

„Никола Груевски нека им признае на граѓаните и на јавноста зошто се плаши од нивното барање, што го поддржаа и СДСМ и останатите политички партии, Македонија да биде една изборна единица. Можеби, дека му се растура шемата на крадење избори?! Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии. Денешната негова изјава доликува на дил ориентед политичар каков што е Груевски, кој од очај стана мета на потсмев“, стои во реакцијата на СДМС, кои бараат Македонија да биде една изборна единица.