Македонија СДСМ: Секој кој правел криминал ќе одговара

СДСМ: Секој кој правел криминал ќе одговара

Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ напразно бараат утеха, секој кој правел криминал ќе одговара, се вели во реакцијата на СДСМ, на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ:

„Граѓаните избраа промени и правда и тоа никој нема да го спречи. Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ може да се обидуваат да најдат оправдувања за својот криминал, но тоа нема ништо да смени. Македонија ќе биде правна држава. Секој кој правел криминал ќе одговара“, се вели во реакцијата на СДСМ.