Македонија СДСМ: Реформи со Никола Груевски не може да има

СДСМ: Реформи со Никола Груевски не може да има

Реформи со Никола Груевски, креаторот на целата државна, економска и политичка криза не се можни, реагираат од СДСМ на денешната изјава на Груевски.

„Државните институции повеќе не се функционални. Македонија нема претседател, нема вистинско демократско Собрание, нема Уставен суд, се е само партија и се е во функција на заштита на криминалите на Никола Груевски. Затоа независните институции кои што вистински се борат против криминалот и корупцијата, како Специјалното јавно обвинителство, се под постојан притисок и опструкции од страна на криминалната власт. Единствено излезно решение од политичката криза е можно со поништување на сите аболициии и спроведување на брзи, регуларни, фер, демократски кредибилни избори“, реагираат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Груевски бега од слободни, фер и деморатски избори затоа што се надева дека на тој начин ќе избега од правдата и ќе ја спаси сопствената кожа.