Македонија СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде дел од решението

СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде дел од решението

Ниту Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се повеќе фактор на одлучување во Македонија, реагираат од СДСМ на патоказот за излез од политичката криза, кој денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните одлучија. Политичарите како Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ги создадоа проблемите, не можат да бидат дел од решението. Затоа, порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ да се помири дека е опозиција, да престане да ги кочи демократските процеси и да го почитува граѓанскиот договор –  изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој истакна дека веќе има легитимно, демократски формирано парламентарно мнозинство во Македонија.

– Има програма на новата реформска влада за унитарна Македонија, во која ќе владее правото, ќе се почитуваат сите граѓани, ќе живеат квалитетно сите граѓани, а Македонија ќе напредува кон ЕУ и кон НАТО – рече Шилегов и порача дека Македонија ќе има нова реформска влада на граѓаните, без Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.