Македонија СДСМ: Програмата на новата влада ја гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Програмата на новата влада ја гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ

Единствената реална платформа што ја гледа целата домашна и меѓународна јавност е програмата на новата реформска влада, која содржи мерки за основните потреби на граѓаните и ја гарантира унитарноста на државата, стои во реакцијата на СДСМ на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено ВМРО-ДПМНЕ има потреба да се преправа дека не ја гледа програмата на новата влада, затоа што раководството на партијата има потреба да ја продлабочува политичката криза. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ неуспешно се залажува дека на тој начин може да го заштити криминално стекнатото богатство и да се спаси од одговорност за тоа“, велат од СДСМ.