Дописници СДСМ-Прилеп обезбеди училишни ранци и прибор за децата од сиромашните семејства

СДСМ-Прилеп обезбеди училишни ранци и прибор за децата од сиромашните семејства

Комисијата за образование при oпштинската организација на СДСМ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, организираше хуманитарна акција за набавка и донирање на ранци и школски прибор за децата од социјално загрозени семејства.

Во рамки на акцијата, како што е наведено во соопштението испратено до медумите, на околу 30 деца им беа доделени нови училишни ранци и потребниот прибор за успешен почеток на учебната година.

„За жал, поради огромните социјални разлики кои ги создаде власта на Груевски и на ВМРО -ДПМНЕ, се поголем број на семејства не можат да обезбедат ниту школски прибор за своите деца. Овие социјални проблеми, најмногу ги чувствуваат децата. Со ваквите хуманитарни активности, СДСМ става акцент на социјалните проблеми во општината, кои ќе бидат приоритет за решавање во периодот кој следи“,  порачуваат од општинската организација.