Македонија СДСМ, три дена по обраќањето: Груевски продолжува со лицемерство

СДСМ, три дена по обраќањето: Груевски продолжува со лицемерство

Груевски добро знае дека на двојните криминални избори во 2014 година, не одлучуваше народот, туку одлучуваа, во име на граѓаните, тој и институциите под негова контрола, реагираа од СДСМ.

– Ако Груевски тврди дека тој и неговата власт се фокусираат на своите грешки, тогаш треба да го признае ова зло што им го нанесе на граѓаните и на Република Македонија, како на домашен, така на меѓународен план. Ако Груевски тврди дека е подготвен за соработка, тогаш треба да каже дека во интерес на граѓаните и враќањето на демократијата во земјата, прифаќа да разговара за петте теми што ги предложи опозицијата за излез од политичката криза по нерегуларните избори – реагираат со соопштение од опозцициската партија.

Од СДСМ додаваат дека ако Груевски не го стори она што СДСМ го бара, станува јасно дека тој и во 2015 година ги продолжува лицемерните политики.