Економија СДСМ: По години назадување, економијата денес се стабилизира и тргнува во добар...

СДСМ: По години назадување, економијата денес се стабилизира и тргнува во добар правец

Реални економски показатели ги побиваат лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што преку расипничкото и криминално владеење нанесе огромни штети врз македонската економија, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Рекордните 235 милиони странски инвестиции само во првиот квартал од годинава, растот на просечната плата на над 24.000 денари, порастот на извозот и на индустриското производство се само дел од низата економски показатели кои ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека „не постои поголемо крадење од она што ВМРО-ДПМНЕ континуирано го правеше 11 години.“

„По години назадување, економијата денес се стабилизира и тргнува во добар правец, а граѓаните ги чувствуваат придобивките од успешната работа на Владата предводена од СДСМ, којашто продолжува да ги спроведува мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани“, се додава во соопштението.