Македонија СДСМ: Одговорност за упадот во „ТВ21“ мора да има

СДСМ: Одговорност за упадот во „ТВ21“ мора да има

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најостро го осудува вандалскиот упад во „ТВ 21“ од обезбедувањето на Никола Груевски и побара одговорност за нарачателите и за извршителите на овој чин.

„Овој вандалски чин е уште една потврда до кој степен е загрозена слободата на известување и на изразување во Македонија, покажува колку е урнисана демократијата во земјава. Никола Груевски и неговите соработници најмногу се плашат од вистината и бегаат од граѓаните и од реалноста“, стои во реакцијата.

Од партијата велат дека човекот што лажно тврдел дека е дел од граѓаните, покажал дека се плаши и бега од јавноста.

„Покажа дека сака да биде изолиран во својот имагинарен свет, ограден со високи ѕидови, како оние на парцелите на Водно. Одговорност за упад во медиум мора да има“, стои во рекацијата на СДСМ.