Македонија СДСМ: Ниту незаконскиот реизбор на Аневски не го спасува обвинетиот Груевски

СДСМ: Ниту незаконскиот реизбор на Аневски не го спасува обвинетиот Груевски

„Советот на јавни обвинители ги прекрши законите. Во член 8, став 3 од Законот за Советот на јавните обвинители јасно стои дека мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „обвинетиот Никола Груевски мисли дека незаконсото доделување на уште еден мандат на неговиот извршител, Петар Аневски, ќе го спаси од одговорност“, но, како што велат од опозициската партија, „ништо не ги спасува обвинетиот Груевски и неговата банда и ќе одговараат“.