Македонија СДСМ: Никола Груевски не е Македонија

СДСМ: Никола Груевски не е Македонија

Преку интервју за грчкиот весник „То вима“, Никола Груевски неуспешно се обиде да ја покрие паниката од соочувањето со граѓаните на слободни, фер и демократски избори. Зад „благите термини“ на Груевски се крие стравот од соочување со одговорноста за тоа што им украде на граѓаните 10 години од нивниот живот, стои во реакцијата на СДСМ по интервјуто на Груевски за грчкиот весник „То вима“.

„Да, Македонија не е иста како пред 10 години, состојбите се многу, многу полоши во секој поглед, економиски, социјален, политички, демократски, правен. Економијата е на колена, граѓаните во Македонија се посиромашни, живеат со 40 денари на ден. Македонија не е иста како пред 10 години. Се потрошија 630 милиони евра за споменици, додека 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. Никола Груевски и „фамилијата“ се богатеа на грбот на граѓаните, криминалот и корупцијата се сериозен проблем. Македонија не е иста како пред 10 години. Граѓаните се задолжени со рекордно највисок јавен долг поголем од 4,2 милијарди евра. Груевски и Ставрески ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува за да се исплатата плати и пензии. Не е исто како пред 10 години, 626.312 луѓе се иселија од државата, пред сè млади, образовани граѓани, поради невработеност. Оној којшто ја блокираше европската иднина на Македонија со својот диктаторски однос, кој 10 години мислеше на свое лично богатење и на богатењето на „фамилијата“, не може да зборува за иднина. Заврши времето на Никола Груевски. Никола Груевски не е Македонија и нема да му дозволиме да ја украде иднината на државата!“, стои во соопштението.