Македонија СДСМ нема да ги повлече своите членови од ДИК

СДСМ нема да ги повлече своите членови од ДИК

На состанокот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и на коалициските партнери едногласно било одлучено опозицијата да не ги повлече своите членови од Државната изборна комисија.

– СДСМ и партнерите се одлучни дека на 5 јуни не се возможни избори ниту, пак, ќе учествуваат на таквите нерегуларни избори. Но, СДСМ и коалициските партнери ќе го обезбедат своето присуство и контрола на процесот на прочистување на избирачкиот список, за да ги спречат манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Никола Груевски – се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ и коалициските партнери ги разгледале начините за понатамошно заедничко дејствување, по одлуката да не учествуваат, како што велат, на планираните лажни, нефер и недемократски избори.

– Во таа насока, СДСМ и партнерите од опозицијата одлучија утре да потпишат платформа за демократска Македонија, чијашто основна цел е слободна Македонија. СДСМ и коалициските партнери се цврсто одлучни за заедничко и бескомрпомисно дејствување во одбрана на законското и уставното функционирање на државата, правдата, вистината и на иднината на Република Македонија – се додава во соопштението на СДСМ.