Македонија СДСМ: Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Македонија

СДСМ: Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Македонија

По повод 28 ноември, Денот на албанското знаме, СДСМ укажува дека одбележувањето на ваквите настани треба да бидат во насока на градење мостови на толеранција и на доверба помеѓу етничките заедници во Република Македонија.

Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Република Македонија, држава на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.