Македонија СДСМ: Лагите на обвинетиот Груевски се последица на стравот од соочување со...

СДСМ: Лагите на обвинетиот Груевски се последица на стравот од соочување со правдата

Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и кон нејзините национални и стратешки интереси, се вели во реакцијата на СДСМ на статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, објавен на „Фејсбук“.

Од СДСМ велат дека „Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални и семејни трагедии што им ги нанесоа на граѓаните на Македонија“.

– Лагите на обвинетиот Груевски за наводни редефенирања, федерализации и кантонизации на државата се последица на стравот од соочување со правдата која доаѓа. Никој повеќе не му верува на обвинетиот Груевски. На граѓаните на Македонија им е јасно дека под закана се само привилегиите на Груевски и на фамилијата – велат од СДСМ.