Македонија СДСМ купил веб-страница „Збогум Никола“, а МАРНЕТ ја продала на друг

СДСМ купил веб-страница „Збогум Никола“, а МАРНЕТ ја продала на друг

СДСМ регистрирал интернет-страница www.zbogumnikola.com на која се одбројуваат деновите кога премиерот Никола Груевски треба да поднесе оставка, информираше денеска дополнителниот заменик-министер во Министерството за информатичко општество, Александар Кирацовски.

Како што кажа Кирацовски, од СДСМ поднеле барање до МАРНЕТ за регистрација на интернет-страницата која требало да се вика „Збогум Никола“. По три часа добиле потврда дека називот, односно доменот, веќе е купен, а во следните два дена ќе биде регистриран од МАРНЕТ.

„Оваа јавна установа е единствена овластена од државата да врши регистрација на домени со кратенката „mk“. И оваа јавна установа овозможила кражба! Веќе купениот назив, односно домен, од страна на СДСМ, го регистрирале на други! Неполни 24 часа откако СДСМ го купила називот „zbogumnikola.mk“, истиот бил продаден на извесен Новаков, индивидуален земјоделец од населба Речани, Велес, кој од МАРНЕТ е заведен како корисник. Потоа, сопственоста на називот на странцата e префрлена на Друштво за трговија и услуги „Соле пром“ со седиште во Скопје. Ова е класична злоупотреба на институциите од страна на власта на Никола Груевски. Овој случај го отвора прашањето како работи МАРНЕТ и за чии интереси, на власта или на граѓаните?! Уште колку физички или правни лица се оштетени на сличен начин?“, вели Кирацовски.