Економија СДСМ: Kолку ќе платиме за струјата што треба да ја увеземе следната...

СДСМ: Kолку ќе платиме за струјата што треба да ја увеземе следната недела

„Ситуацијата со недостиг на струја е сериозна, ќе се увезува струја и следната недела. Ќе се одлеваат нови милиони евра народни пари за скапиот увоз“, се вели во соопштение на СДСМ.

Во него се додадава дека е распишан нов тендер за увоз на струја за периодот од 14 до 22 јануари.

– Ова на денешната прес-конференција го сокри директорот на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицоски. Ако за пет дена плативме 2 милиона евра за увезена струја, колку ќе платиме за струјата што треба да ја увеземе во следните осум дена – прашуваат од партијата преку соопштението.