Македонија СДСМ: Ќе се вратиме на преговори ако се избере целиот тим на...

СДСМ: Ќе се вратиме на преговори ако се избере целиот тим на Јанева

Од извори од СДСМ дознаваме дека единствен начин преговорите да продолжат денеска е Советот на јавни обвинители да ги избере преостанатите јавни обвинители од тимот што го предложи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Од партијата велат дека во текот на утрешниот ден ќе кажат дали Договорот од Пржино е неважечки и целосно се прекинуваат преговорите на работните групи или постои можност во текот на наредните денови да продолжат со работа.