Македонија СДСМ: Ќе го деблокираме Собранието согласно деловникот, Уставот и законите

СДСМ: Ќе го деблокираме Собранието согласно деловникот, Уставот и законите

Новото парламентарно мнозинство ја презема обврската наскоро да ги одблокира демократските процеси и да избере нова реформска влада, која ќе обезбеди добар живот за сите, стои во утринското соопштение на СДСМ и се додава дека тоа ќе биде направено во согласност со деловникот, Уставот и со законите.

„Очекувањата на мнозинството граѓани во Македонија и на меѓународната јавност ќе бидат остварени, бидејќи тоа е единствениот правилен пат за Македонија. Формирањето нова влада е врвен приоритет за државните интереси на Македонија и за граѓаните“, велат од СДСМ и додаваат дека нова реформска влада ќе овозможи решенија на многу горливи прашања за граѓаните.

Од партијата порачуваат дека демократските процеси се незапирливи и оти ќе има живот за сите во Македонија.