Македонија СДСМ: Иванов донел две одлуки за поништување на помилувањето со ист број

СДСМ: Иванов донел две одлуки за поништување на помилувањето со ист број

Опозициската СДСМ, денеска преку соопштение обвини дека со одлуките за повлекување на аболицијата, претседателот Ѓорге Иванов направил само поголем хаос.

„По објавувањето на одлуките за поништување на дел од неуставните одлуки за помилување, видливо е дека лицето Ѓорге Иванов има донесено две одлуки со ист број: 08-534/1. Овие Одлуки на Иванов се со ист број иако се однесуваат на различни случаи коишто се предмет на спроведување на постапка. Со тоа едната Одлука на Иванов е неважечка и нема правно дејство. Дополнително, тоа значи дека Одлуката на Иванов со број: 08-543/1 објавена во Службен весник на 12 април 2016 година се уште е на сила. Или Иванов намерно го проширува хаосот или воопшто не знае какви одлуки носи. Хаосот што го создаде Иванов, за да ги заштити криминалците во власта, може да се реши само со целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции“, пишува во соопштението на СДСМ.