Македонија СДСМ: Интервјуто на Груевски е потврда дека неговото време е завршено

СДСМ: Интервјуто на Груевски е потврда дека неговото време е завршено

Политичките процеси во Македонија повеќе не зависат од Никола Груевски и од криминалните структури што 10 години ја влечат Македонија кон дното, а вчерашното интервју на Груевски е потврда дека неговото време е завршено, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Во политиката во Македонија повеќе нема место за политичари кои го крадат и го лажат својот народ, нанесуваат зло и неправди на граѓаните, ги злоупотребуваат културните и етничките разлики и ги одалечуваат граѓаните од светот за лични профити“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека на Македонија и е неопходна „нова стабилна реформска Влада“.

„Република Македонија е подготвена за нов начин на водење на државата – темелно, посветено, чесно, одговорно и демократски. СДСМ работи на поставување на приоритетите за граѓаните и за државата согласно Уставот, со цел да обезбеди стабилна иднина за државата и квалитетен живот за сите и веруваме дека во брзо време сите ќе го почувствуваме тоа олеснување“, нагласуваат од СДСМ.