Македонија СДСМ: Груевски и Ставрески да ја платат штетата од наводниот индиски инвеститор

СДСМ: Груевски и Ставрески да ја платат штетата од наводниот индиски инвеститор

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, скриени зад соопштение, синиќа се охрабрија и признаа дека инвеститорот и милијаредерот Субрата Рој бил наводен, истакна Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција. Тој истакна дека вчера од ВМРО-ДПМНЕ „соопштија дека премиерот никогаш не рекол дека индискиот пратнер, кој им заврши во затвор поради криминал, ќе инвесира во Македонија“.

– Еве документи за потсетување на она што се лажат дека може да се заборави. На 30 јануари 2014 година, на седница на Собранието прашавме: Каде е помпезната инвестиција од 2013 година. Тогашниот министер за земјоделство во Владата на Груевски, рече дека едно било тоа што се гледало од страна, а друго што навистина се случува и тврдеше дека е во тек најинтензивната фаза од почетокот на проектот. На собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, прашавме како може од 30 пријавени фирми, на јавното наддавање, да победи фирмата на Субрата Рој. Почетната цена била 120.000 евра, а Индиецот ја добил токму за 121.000 евра. Претставникот на Владата нè убедуваше дека другите понуди биле неприфатливи и дека бизнис-плановите не биле во согласност со стратегиите на Владата – истакна Шилегов.

Тој додаде дека за Субрата Рој се сменил и Законот за државјанство и еден од неговите синови стана државјанин на Република Македонија. Шилегов вели дека по сето ова Груевски и Ставрески немаат право да се кријат зад соопштенија, туку треба да излезат и јавно да соопштат колку ја чини Македонија нивниот бизнис-договор со Субрата Рој и лично да ги понесат сите трошоци на наводниот инвеститор.

Шилегов прашува и дали епизодата наречена „Субрата Рој“ во себе не содржи заднина некој друг да го приграби целото охридско крајбрежје?