Македонија СДСМ го поздрави напорот на Хан за решавање на кризата

СДСМ го поздрави напорот на Хан за решавање на кризата

Ставовите на СДСМ по повод одржаната средба се презентирани во изјавите на партиските функционери и во официјалните соопштенија на партијата, реагираат од СДСМ во соопштение. Од партијата велат дека текот и исходот на лидерската средба одржана во Брисел, предизвикале различни коментари, шпекулации и дезинформации во медиумите и во јавноста во Македонија.

„Уште еднаш ја поздравуваме целосната посветеност, пред сè, на еврокомесарот Јоханес Хан, како и на другите меѓународни претставници присутни во Брисел. Сакаме и да се заблагодариме за активното учество и за личниот придонес преку давање предлози и решенија за излез од длабоката политичка криза во која се наоѓа Република Македонија“, стои во партиското соопштение.