Македонија СДСМ го осудува недоличното навивање на натпреварот меѓу Македонија и Албанија

СДСМ го осудува недоличното навивање на натпреварот меѓу Македонија и Албанија

СДСМ денеска преку соопштение го осуди недоличното навивање и свирежите на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Албанија.

„Очекуваме дека вчерашните груби навреди упатени од група навивачи на домашната репрезентација кон репрезентативците од Македонија, додека тие ја пееја химната на Македонија, и фрлањето факли на трибината со навивачи од Македонија, ќе добијат соодветна осуда од Фудбалската федерација на Албанија, тамошните власти и од УЕФА. Апелираме на негување спортски дух, на заемно почитување, солидарност и на фер игра – пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата дополнуваат дека спортските натпревари биле и треба да останат поле за поттик на пријателства, на кое нема и не треба да има место за политика и за разгорување нетрпеливост, особено зашто станува збор за две соседни пријателски земји.