Македонија СДСМ го осудува насилството пред Собранието и повикува на смиреност

СДСМ го осудува насилството пред Собранието и повикува на смиреност

СДСМ се огласи со осуда на „вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието“.

„Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари, кон различни етнички заедници. Очигледно е дека одредени субјекти кои работат спротивно од интересите на државата и граѓаните сакаат да го повторат насилството од 27 април, на кое му претходеа слични повици и активности“, порача владејачката партија, повикувајќи ги граѓаните на демократски начин да го изразуваат мислењето, да бидат смирени и да не подлегнуваат на провокациите.