Македонија СДСМ: Димовски да се појави во Собрание и да не ги попречува...

СДСМ: Димовски да се појави во Собрание и да не ги попречува демократските процеси

Илија Димовски не може да зборува за медиумите и за судството, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години посветено работеше на уништување на професионалните медиуми и против независна судска власт“, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Од СДСМ велат дека Димовски „наместо да зборува за прашања за кои со своите политики им наштетија на граѓаните, треба да прифати дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција“.

„Илија Димовски треба да ја исполни својата должност, како пратеник да биде присутен во Собранието и да не се обидува по налог на Груевски да ги попречува демократските процеси. Независност на медиумите и професионално судство овозможува програмата на новата реформска влада“, велат од СДСМ.