Македонија СДСМ: Децата смрзнуваат, а власта молчи

СДСМ: Децата смрзнуваат, а власта молчи

Дејан Павлески

СДСМ побара преземање итни мерки за надминување на состојбата со недостигот на електрична енергија во основните и во средните училишта. Дејан Павлески од СДСМ, како дел од причините за оваа состојба, ги наведе недостигот на пари кај општините, неодговорниот однос на градоначалниците, како и порастот на цените на нафтата и на електриќната енергија.

– Охридските и струшките училишта немаат ниту струја, ниту нафта за греење. Учениците или седат дома или одат со скратени часови и смрзнуваат во училниците. Во Кичево повеќе од 1.200 ученици седат дома и не следат настава повеќе од три недели бидејќи нема нафта за греење, а дел од училиштата се исклучени од електрично напојување. Најавени се исклучувања од струја и на други училишта. Греење нема ниту во училиштата во Карпош, Тетово и во други градови, а проблеми има и со превозот на учениците. Студени училници, студени ходници, студени тоалети, пеш до училиште по дожд, на студено, ете во такви услови учат децата во Република Македонија во 21 век – рече Павлески.