Македонија СДСМ: Антидржавните политики на Никола Груевски ја задушија слободата на медиумите

СДСМ: Антидржавните политики на Никола Груевски ја задушија слободата на медиумите

Најновиот извештај на „Фридом хаус“ и официјално потврдува дека медиумите во Македонија не се слободни, а тоа е резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и на медиумскиот мрак платен со пари на граѓаните, велат од СДСМ.

„Антидржавните политики на Никола Груевски ги задушија слободата на говорот и слободата на медиумите. Парите на граѓаните, Груевски најдрско ги злоупотреби за притисок врз медиумите и за воспоставување контрола. Токму затоа, на Македонија ѝ е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека по демократските промени, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана, а правото медиумите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од каков било притисок, ќе биде обезбедено.