Македонија СДММ: Руинираните студентски домови се вистинските „споменици“ на власта

СДММ: Руинираните студентски домови се вистинските „споменици“ на власта

Младите од локалниот клуб на СДММ од Велес денеска организираа активност преку која ги преставија, според нив, вистинските „споменици“ што оваа власт им ги остави на студентите – руинираните студентски домови.

„Додека студентот во Македонија нема основни услови за живот, власта во заминување си прави луксузно партиско седиште. Застрашувачки факт е што затворите во Норвешка се подобри од студентските домови во Македонија“, велат од СДММ.

На настанот беа презентирани решенијата на СДСМ од програмата, кои, според партијата, гарантираат драстично подобрување на состојбата со студентските домови.

Според СДММ, решенијата се изградба на целосно нов студентски град, целосна реконструкција на постојните домови и изградба на нови студентски домови во градовите кои се седишта на државните универзитети.