Uncategorized СДММ: На власта поважни и се спомениците од реконструкција на студентските домови

СДММ: На власта поважни и се спомениците од реконструкција на студентските домови

„За мизерните услови во студентскиот дом „Гоце Делчев“ алармиравме повеќепати. Дури и светската јавност информираше за мизерните услови во кои живеат студентите во Македонија. Безбедноста на студентите е загрозена, покриви почнаа да им паѓаат над главите“, велат од СДММ.

– Власта е нема. Десет години досега Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаа можност да направат реконструкција. Но, поважни им се спомениците, галиите, панорамското тркало од 11 милиони евра, шпанските скали, криминалната реконструкција на нивното партиско седиште. Срамни се неуспешните обиди од студентскиот дом „Гоце Делчев“ да ја правдаат власта. И тие знаат што сè ја дополнува оваа хорор-приказна на нови несреќи, расипани лифтови, рестрикции на струја, но и на храна – вели Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

Каевски ги повтори решенијата од програмата на СДСМ кои вклучуваат изградба на нов студентски град, со нови студентски домови, планот во градовите кои се седишта на државните универзитети, да се изградат нови студентски домови, како и целосно да се реконструираат постојните студентски домови.

– Доколку власта веднаш не почне со реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, Социјалдемократската младина ќе помогне со сиот свој човечки капацитет, ќе ги повикаме сите млади луѓе кои сакаат подобри услови, во една модерна акција за спас на домот. Во меѓувреме, порачуваме дека за евентуалните несакани последици врз студентите од урнатините под кои живеат, ќе бидат одговорни министерот за образование и Никола Груевски – додаде Каевски.