Свет Свет Саудиска Арабија почна да им издава возачки дозволи на жените

Саудиска Арабија почна да им издава возачки дозволи на жените

Властите на Саудиска Арабија почнаа да издаваат возачки дозволи на жени, само три недели од стапување на сила на кралската наредба со која им се дозволува на жените да управуваат со возило.

Агенцијата за сообраќај на Саудиска Арабија наведе дека почнала да ги менува меѓународните возачки дозволи за саудиски дозволи, непосредно пред 24 јуни кога жените и службено ќе почнат да возат.

Саудиска Арабија е единствена земја во светот во која жените до сега немаа право да управуваат со возило.

Во септември 2017 година кралот Салман најави дека забраната ќе биде укината во јуни 2018.