Економија Саудиска Арабија ќе формира најголем државен фонд во светот од 2.000 милијарди...

Саудиска Арабија ќе формира најголем државен фонд во светот од 2.000 милијарди долари

Саудиска Арабија на берза ќе продаде помалку од пет отсто од акциите на државниот нафтен гигант „Арамико“ и ќе го формира најголемиот државен фонд на светот од 2.000 милијарди долари, што е во рамките на големиот план за реформи чија цел е намалување на зависноста на земјата од нафтата.

Заменикот на саудискиот претстолонаследник Мохамед бин Салман е иницијатор на планот за реформите наречени „Саудиска визија 2030“ . Тој ја бранеше одлуката „Арамико“ да се отвори за локален и за странски капитал и наведе дека тоа ќе обезбеди транспарентност во управувањето со тој нафтен гигант.

Целта на планот е диверзификација на економијата на Саудиска Арабија, која во голема мера зависи од нафтата.