Забава Саудијците гледаат најмногу телевизија

Саудијците гледаат најмногу телевизија

По 407 минути телевизија дневно гледаат жителите на Саудиска Арабија. Со тоа станаа први на листата на најголеми зависници од малите екрани, што ја изработи меѓународната маркетинг-агенција „Зенит оптимедија“.

Веднаш зад Саудијците се најдоа Хрватите, кои днвено минуваат по 377 минути пред своите телевизори, по што следат Романците со 340 минути, Литванците со 325 и Србите и Американците со 300 минути потрошени во гледање телевизија.

Со истражувањето на агенцијата биле опфатени 65 земји од целиот свет.

„Зенит оптимедија“ наведува дека нејзините истражувања покажале пораст на користењето на електронските медиуми во периодот од 2010 до 2014 година, од 462 на 485 минути на ден.

Според агенцијата, ваквиот податок се должи на драстичниот пораст на користењето на интернетот. Така, лани на глобално ниво луѓето минувале 109,5 минути на интренет дневно, што е двојно повеќе во однос на 2010 година. Во истиот период е регистриано намалување на гледањето телевизија од 402 минути дневно во 2010 година на 376 минути во 2014 година.