Свет Балкан Самоубиствен напад во Истанбул

Самоубиствен напад во Истанбул

Двајца полицајци се ранети во самоубиствен напад на полициска станица во центарот на Истанбул. Експлозивот го детонирала жена, која говорела англики, јавува „Хуријет“.

Повредени се полицајците кои се обиделе да ја спречат жената да влезе во станицата, поради што таа ја активирала бомбата на влезот на зградата.

Гувернерот на Истанбул, Васиф Шахин, соопшти дека жената се обидела да влезе во станицата, тврдејќи дека си го заборавила паричникот. Еден од полицајците е потешко повреден.

Телото на жената која ја активирала бомбата е пренесено во центарот за судска медицина за да се идентификува.