Свет Самоубистен напад во Адена, убиени 30 јеменски војници

Самоубистен напад во Адена, убиени 30 јеменски војници

Триесет јеменски војници денеска загинаа во Адена откако бомбаш самоубиец се саморазнесе пред воена база во североисточниот дел на градот, соопштија воени и болнички извори од Јемен.

Како што јавуваат странските медиуми, мета на нападот биле војниците кои се собрале да примат плата во воената база.

– Напаѓачот ненадејно се појави меѓу војниците во базата Ал Солбан – изјави неименуван воен извор.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.