Македонија Само 7 нови случаи на ковид-19 во Скопје, оздравеле 71 болен, починале...

Само 7 нови случаи на ковид-19 во Скопје, оздравеле 71 болен, починале 18 пациенти

Фото: Мета.мк

Во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а се регистрирани само 7 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство информира, според податоците од Институтот за јавно здравје. Новите случаи се во Скопје.

Регистрирани се 71 оздравен пациент од: Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41,54,58,79,81,84 и 86), по 3 лица од Тетово (69,72 и 81) и Гостивар (68,68 и 77), 2 лица од Прилеп (80 и 90) и по едно лице од Виница (76), Македонска Каменица (77) и Дебар (92). Од пријавените, 9 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Починатите 9 лица  во домашни услови, се од месец април.

Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.