Свет Балкан Самарас си поднесе оставка

Самарас си поднесе оставка

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Андонис Самарас, си поднесе оставка по силното „не“ на грчкиот народ против европските мерки. Самарас побара од премиерот Ципрас во рок од 48 часа да донесе договор за грчкиот народ за да се смири општеството и да се стави крај на штетите на грчката економија.

Оставката дојде по барање од подмладокот и од дел од членовите на партијата за смена на политичкото лидерство.