Свет Балкан Самарас бара Грција итно да го потпише договорот со кредиторите

Самарас бара Грција итно да го потпише договорот со кредиторите

Поранешниот грчки премиер и лидер на опозициска партија Нова демократија, Андонис Самарас, алармираше дека времето за потпишување на договорот со кредиторите истекува и оти владата треба да го потпише договорот.

Самарас, по вчерашната средба во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан –Клод Јункер, и со други високи претставници на ЕУ, рече дека пораката што ја добил е јасна.

– Владата мора конечно да престане да лаже, да престане да се користи со комуникациски трикови и во следните неколку дена да го склучи договорот. Нема повеќе време. Пораката е јасна – рече Самарас.