Свет САД: Војник со експлозив се обидел да влезе во база

САД: Војник со експлозив се обидел да влезе во база

Американски војник, кој се обидел да влезе во базата Форт Брег во сојузната држава Северна Каролина, облечен во костум на бомбаш-самоубиец, предизвикал тревога, вклучувајќи и потрага по експлозивот, наведуваат воените медиуми.

Неименуван војник, кој на себе носел костим сличен на појас со експлозив, се обидел да мине низ контролниот пункт.
Инцидентот предизвикал вонредна состојба, вклучувајќи и затворање на капијата додека експертите за отстранување експлозиви вршеле проверка.

Официјалните претставници наведуваат дека сè уште не е познато дали против војникот ќе биде покрената тужба.