Свет САД: Убиени 20 лица при пукање во Калифорнија

САД: Убиени 20 лица при пукање во Калифорнија

Засега непознат број лица убиле 20 луѓе во близина на голф-терен во градот Сан Бернандино во Калифорнија, објави „Би-Би-Си“.

Полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот.

Пожарникарската служба на Сан Бернандино на „Твитер“ сподели информација дека нејзините единици реагирале за инцидент во кој има 20 жртви и дека се работи на расчистување на случајот.

Портпаролката на полицијата во Сан Бернандино изјавила дека акцијата сè уште трае и дека полицијата се обидува да го обезбеди просторот. Таа изјавила дека можеби станува збор за тројца напаѓачи кои се вооружени и не сакала да ја потврди бројката на жртви.

Сан Бернандино е град во кој живеат околу 200.000 луѓе и се наоѓа 100 километри источно од Лос Анџелес.