Свет САД: Семејствата на американските дипломати да го напуштат југот на Турција

САД: Семејствата на американските дипломати да го напуштат југот на Турција

Американскиот Стејт департментот и Пентагон денеска издадоа наредба семејствата на американските дипломати и воени претставници да ја напуштат јужна Турција. Причината на ваквата наредба се зголемените безбедносни ризици во овој дел на Турција.

Во документот, кој е издаден за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД, се наведува дека семејствата на вработените во Конзулатот на САД во Адана, во военовоздухопловната база Инџирлик и во базите во Измир и во Мугла треба веднаш да заминат.