Свет САД: Полицијата уби маж во метро

САД: Полицијата уби маж во метро

Сообраќајната полиција во Вашингтон застрелала и убила маж кој неовластено се наоѓал во тунел на метро, соопштија денеска американските власти.

Вашингтонската сообраќајна полиција задолжена за метрото, синоќа, околу 21 часот, добила пријава од операторот на метрото дека на шините се наоѓа непознат маж, соопшти портпаролката на метрото, Морган Дај.

Полицијата на „Твитер“ напиша дека осомничениот е убиен во тунел, источно од страницата на авенијата Потомак, во југоисточниот дел на Вашингтон. Никој од полицијата не е повреден.

Други детали засега не се познати, а надлежните не соопштија што правел убиениот во тунелот на метрото.