Свет Свет САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

Штрајк на медицинските сестри во САД

Најмалку 100.000 медицински сестри протестираа во 15 сојузни американски држави, барајќи подобра заштита на здравствените работници што работат со заболени од ебола.

Американскиот Национален сојуз на медицински сестри бара медицинските установи да купат специјална заштитна облека и респиратори, како и да спроведат обука на лицата што се грижат за болните од ебола.

Американскиот Центар за контрола и за превенција на болести нарача посебна заштитна опрема за болниците во износ од 2,7 милиони долари, но, според сојузот на медицински сестри, тоа не е доволно.