Македонија САД ќе продолжат да соработуваат со Владата по оставката на Заев

САД ќе продолжат да соработуваат со Владата по оставката на Заев

Зградата на Стејт департментот во Вашингтон | Фото: AgnosticPreachersKid, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето за коментар по најавата за оставка на премиерот Зоран Заев по вториот круг на локалните избори во неделата.

„Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев“, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.

Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.