Свет САД  ќе ги обноват дипломатските односи со Куба

САД  ќе ги обноват дипломатските односи со Куба

Соединетите Американски Држави целосно ќе ги обноват дипломатските односи со Куба и ќе отворат амбасада во Хавана, првпат по повеќе од половина век, соопштија надлежните.

Тајните преговори биле водени од Канада, траеле 18 месеци, а биле поддржани од папата Франциск, кој бил домаќин на финалниот состанок во Ватикан. Претседателите на САД и Куба, Барак Обама и Раул Кастро, се согласија да стават крај на непријателството и да ги обноват допломатските односи.