Свет САД издаде предупредување за можни терористички закани на 4 Јули

САД издаде предупредување за можни терористички закани на 4 Јули

Американските федерални власти издадоа предупредување низ целата земја за закана од тероризам на празникот 4 Јули, според анонимен американски функционер, цитиран од локалните медиуми. Иако не е наведена конкретна или веродостојна закана, според информациите собрани од Одделот за домашна безбедност и од ФБИ, на локалните полиции им е кажано дека постои можност за закана од Исламска држава и од други терористички групи.

Предупредувањето доаѓа неколку дена по трите смртоносни напади во Тунис, Франција и во Кувајт, во кои загинаа голем број цивили. Она што медиумите го нарекоа „ден на теророт“ следуваше по повикот на ИД за војна против неверниците. Терористичката група повика на напади од „муслиманите насекаде“ за време на светиот месец Рамазан.