Свет САД ѝ доставија податоци на Франција за терористите

САД ѝ доставија податоци на Франција за терористите

Американските тајни служби му доставија податоци на официјален Париз за движењето на лица кои се поврзани со минатонеделните терористички напади.

Како што соопшти портпаролот на Белата куќа, Џош Ернес, податоците за историјата на патувањето на овие лица треба да помогнат во расветлување на настанот и да откријат кој сè е поврзан со него.