Македонија САД: Граѓаните на Македонија се во нашите мисли и молитви

САД: Граѓаните на Македонија се во нашите мисли и молитви

Американскиот Стејт департмент денеска изрази сочувство за жртвите од поплавите во Македонија.

„САД изразуваат сочуство до сите погодени од неодамнешните поплави. Граѓаните на Македонија се во нашите мисли и молитви додека земјата ги оплакува жртвите, повредените добиваат соодветна медицинска нега, а граѓаните се справуваат со загубите и нанесената штета – изјави на денешниот брифинг портпаролката на Стејт Дипартментот, Елизабет Трудо.