Свет САД го признаа нападот во Идлиб, но мета не била џамијата

САД го признаа нападот во Идлиб, но мета не била џамијата

Војската на САД потврди дека извела воздушен напад на зграда каде се одржувал состанок на Ал каеда во северниот сириски град Идлиб, наведувајќи дека ќе ги испита извештаите за убиството на повеќе цивили при нападите.

– Не ја гаѓавме џамијата, но зградата што ја гаѓавме, а во која се одржуваше состанок на Ал каеда е на 15 метри од џамијата – изјави портпаролот на американската Централна команда, полковник Џон Томас.

Тој истакна дека американските сили извеле воздушен напад на место каде Ал каеда се состанала и додаде дека командата ќе ги испита наводите за цивилни жртви што настрадале при тој напад.

– Тоа го сфаќаме сериозно. Во нападот е уништена половина зграда, во која се одржа состанокот – рече Томас.

Во воздушниот напад на џамијата загинаа најмалку 42 лица, а повеќе десетици беа повредени.

Нападот се случил за време на вечерната молитва, кога џамијата била полна со верници.